Детето можеби има тежок пат пред себе, но има и безусловна љубов и поддршка од нејзиното прекрасно семејство
Раѓањето дете е навистина прекрасно и магично искуство. Некое жени одбираат да се породат во своите домови. Амбер Деан Рохас има инспиративна приказна за нејзиното породување.
Бременоста
За Амбер, бебето број пет не било во план. Нејзините раце веќе биле полни со работа, грижејќи се за четири деца, за нејзиниот брак и две работи. Па кога открила дека е бремена по петти пат, направила пауза. Ѝ се доверила на својата бабица Кејтлин дека е загрижена, но Кејтлин ѝ дала голема поддршка. Амбер го прифатила фактот дека ќе има уште едно дете, а нејзиното семејство едноставно избрало да биде возбудено наместо исплашено. Амбер и нејзиниот сопруг одлучиле да не го знаат полот на бебето додека не се породи. За неа, тоа што не знае било малку стресно. А имало и нешто друго што ја мачело. „Знаев дека е нешто различно. Не знаев зошто и што, но секогаш му велев на сопругот: – Ова бебе ќе биде различно. Мојата бременост не беше различна, но знаев дека нешто е. Тој постојано велеше дека се чувствувам така бидејќи не знам дали е машко или женско“, раскажува Амбер.
Како што продолжувала бременоста, чудното чувство на Амбер станало поинтензивно. Се сомневала дека нешто не е во ред со дишењето на детето. „На крајот од бременоста можев да почувствувам дека дишењето на бебето е многу поинакво. Никој не ми веруваше, но ако сте биле бремени толку често како мене, учите многу за вашето тело. Беше брзо и конзистентно. Различно од клоцање и икање“, рекла Амбер.
фото: Фејсбук/Амбер Деан Рохас
Породување
Амбер се породила по 39. недела. Избрала да се породи дома во базен со вода, а породувањето поминало многу брзо. „Следно што знаев е дека моето бебе е во моите раце и доживеав толку многу емоции и само што погледнав, сфатив. Видов на лицето од моето бебе. Си помислив… моето бебе има Даунов синдром“.
Нејзиното семејство имало важно прашање – момче или девојче? Тогаш погледнала во бебето и – изненадување – девојче. Таа забележала дека очињата ѝ се различни. Се прашувала зошто никој друг не го согледува тоа. „Зошто никој не вели ништо? Тогаш го забележав и нејзиното дишење, беше исто како чувството што го имав во стомакот (па сега знам дека е заради срцето) – брзо и конзистентно“.
По неколку минути бабицата на Амбер потенцирала дека мајката длабоко во срцето знаела цело време дека нејзиното бебе има маркери за Даунов синдром. На Амбер ѝ олеснило што нејзините забелешки биле потврдени. „Знаев! Знаев! Не полудував! Знаев дека нешто е поразлично овој пат“.
фото: Фејсбук/Амбер ДеАн Рохас
Таа веднаш почнала да се информира за одгледување дете со Даунов синдром. Бебето подоцна добило дијагноза и за срцева маана. Но, за неа и за членовите на семејството, бебето било совршено. Прекрасно и среќно. Детето можеби има тежок пат пред себе, но има и безусловна љубов и поддршка од нејзиното прекрасно семејство.
Битката на Амадеус
фото: Фејсбук/Амбер Деан Рохас
Амбер споделила емоционална објава на социјалните мрежи за тоа колку бил тежок патот на Амадеус до здравјето. Објаснила дека нејзиното малечко девојче требало да прави операција на срцето, но иако тоа било голема борба, избрале да бидат силни. „Сакате да го држите во прегратка своето дете и да му помогнете, но се чувствувате беспомошно бидејќи не можете. Знаевте ли дека вашето бебе може да плаче без да прави вистински звуци? Можно е и тоа е трогателно! Но, ќе можете да го земете своето дете повторно во прегратка!“, рекла Амбер.
Автор: Шарлин Бејкер