Една мајка напорно работи на тоа да докаже дека не е сѐ така како што изгледа на „Инстаграм“ – со апликациите со филтри кои ги прават совршените селфи-фотографии.
Џесика Мекелрој на својот профил на „Инстаграм“ истакнала дека 2 недели по породувањето со второто дете барала валидизација дека нејзиното тело е „нормално“. Почнала да споделува фотографии од нејзиниот целулит, стриите, лузните и природното, „нефилтрирано“ тело, нудејќи им на сите увид во кон тоа како вистински изгледа мајчинството. Таа сега има речиси 2 илјади мајки-следбеници кои размислуваат слично и ѝ се заблагодаруваат што прави да се чувствуваат „нормално“.
На својот профил напишала:
„Се борев со сликата за моето тело откако го родив вториот син. Навистина сум емоционална кога луѓето ми велат дека сум им помогнала да се отворат. Тоа прави да се чувствувам како да имам некоја улога. Имам нова почит кон своето тело откако добив деца и сакам да ги охрабрам и другите мајки да се чувствуваат така. Неверојатно е“.
Објавила две фотографии за да покаже колку се менува телото ако позирате различно. „Две фотографии направени за само неколку секунди…“, напишала таа. „Ми се допаѓа девојката на секоја фотографија. Среќна сум на секоја фотографија и тоа е сѐ што е важно. Мојата перцепција за моето тело е дека сум доживеала две големи промени за кратко време и прифаќам дека никогаш нема да изгледам како 21-годишна девојка пред бременост. Во ред е што брзо накачив килограми, секогаш можам да ги изгубам кога ќе бидам подготвена. Во ред е да имам стрии, носев две бебиња по 9 месеци и телото се проширувало. Сакам да гледам вакви објави и затоа сакав и самата да го сторам тоа за да се увиди разликата во неприродните фотографии од тела на луѓе“.
Блогерката се надева дека нејзината содржина ќе ја предизвика перцепцијата која социјалните медиуми ја пропагираат – да се биде „совршен“. „Ме вознемирува што младите девојки и жени чувствуваат потреба да ги „филтрираат“ своите фотографии и да чувствуваат дека треба да го прават тоа за да бидат прифатени или да исполнуваат стандарди за убавина. „Сите тела се прекрасни и колку повеќе луѓе ја испраќаат таа порака, толку ќе биде подобро, бидејќи додека растев, не се сеќавам да сум гледала жени во медиумите со тела кои личеле на моето. Се развив рано и имав облини и бев висока, па не изгледав како слабите девојки од списанијата, но сега со социјалните медиуми, имаме вистинска можност да ги нормализираме реалните тела во секој облик и големина. Мислам дека новите мајки треба да ги видат овие објави и да си помислат – Ох, па и јас сум нормална, така изгледа тело по бебе“, заклучува блогерката.
Автор: Пејџ Холанд