Неодамна видео споделено од пензионираниот професионален кошаркар Рекс Чапман покажува како човек со оштетен слух се обидува да комуницира со својата новородена ќерка на знаковен јазик. Видеото има над 5,8 милиони прегледи и ги стопи срцата на корисниците на интернет поради емотивната интеракција меѓу таткото и неговата ќерка.
Луѓето не можеле, а да не забележат дека очите на новородената ќерка се фокусирани на нејзиниот татко. Видеото трае 42 секунди и покажува како таткото ја држи в раце својата ќерка, па ѝ се обраќа на знаковен јазик, кој е универзален систем за комуникација, користејќи визуелни знаци за луѓето што имаат оштетувања на слухот или говорот.
Видеото станало вирално откако кошаркарот Рекс Чапман го споделил на „Твитер“ и напишал: „Овој татко со нарушување во слухот ѝ искажува љубов на својата новородена ќерка преку знаковен јазик и е дефинитивно содржина поради која сум овде…“
Оние кои го превеле знаковниот јазик велат дека таткото ѝ рекол: „Тато. Јас сум твојот тато. Те сакам. Ти си прекрасно девојче. Твоите очи имаат преубава боја, светлозелена! Едноставно се прекрасни! Каква слатка насмевка. Те сакам. Преслатка си. Ова е топло ќебенце. Те сакам. Те сакам. Прекрасна си. Слатка“.
Друг корисник коментирал: „Душата знае многу повеќе од она за кое еден возрасен човек може да сонува. Ако имаме среќа да умреме стари, тоа е единственото време кога добиваме пристап до тоа знаење. Но, никој не може да го разбере јазикот на душите во тие моменти“.
This hearing-impaired father expressing love to his newborn daughter in sign-language is the definitely Twitter content I’m here for…????? pic.twitter.com/CEvINcmRaX
— Rex Chapman?? (@RexChapman) October 18, 2019