Воспитување

Гледањето цртани филмови може да го забави развојот на говорот кај бебињата

Гледањето цртани филмови или слушањето песни има спасено многу родители кои бараат неколку минути одмор. Но, тоа може да го забави развојот на говорот и социјалните вештини кај децата, покажува ново истражување.

Истражувачите од Универзитетот „Тохоку“ во Јапонија проучувале 7.000 бебиња, половина девојчиња и половина момчиња, од 2013 до 2017 година. Нивните родители пополнувале прашалници во кои одговарале на прашања за тоа колку часа им дозволуваат на своите деца да гледаат телевизија, ДВД, да играат видеоигри на мобилни телефони и таблети.

Околу половина од бебињата (48,5 отсто) поминале помалку од еден час пред екраните, 29,5 отсто гледале во екраните еден до два часа, 17,9 отсто помеѓу два и четири часа, а 4,1 отсто гледале во екранот повеќе од четири часа на ден. Било оценето нивото на комуникациски вештини на децата, како и грубата моторика. Научниците ги разгледале и фините моторни вештини и вештините за решавање проблеми.

Истражувачите откриле дека бебињата што поминуваат најмногу време пред екраните во првата година од животот имале најголеми доцнења во развојот, во периодот од 4-годишна возраст.

„Бидејќи генерално е тешко да се ограничи времето пред екранот во денешниот свет на електронски уреди, може да биде корисно да се идентификуваат и ограничат аспектите на времето поминато пред екранот што се поврзани со доцнењето во развојот, а истовремено да се користат и образовните аспекти“, коментирал професорот и автор на студијата, д-р Таку Обара.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top