Деновиве сѐ повеќе се става акцент на важноста од забавување во секојдневниот живот. Во култура каде што до неодамна бескрајната работа беше предуслов за успех, многумина се прегорени и сега ја разбираат важноста на една поинаква состојба на умот, онаа каде што обрнувате внимание на малите нешта, каде што го гледате партнерот в очи, каде што го поминувате времето играјќи си со децата, далеку од социјалните мрежи и технологијата.

Културата на забавување, односно бавно живеење и свесност, е поставена како решение за многу проблеми што ги носи забрзаното темпо на живот.

Бавно живеење

2020 година ја промени перспективата речиси на сите, нѐ натера да забавиме, да го погледнеме светот со други очи и да наоѓаме нови моменти на уживање во секојдневниот живот, различни, но не помалку убави од порано. Деновите беа сведени на останување дома, работа од дневната соба наместо одење на работа, настава на ТВ наместо на училиште, поминување на слободното време во истата дневна соба каде што имавме состанок пред малку… Значи, потребата повторно да се поврземе со членовите на нашето семејство, повторно да ги запознаеме и да создаваме заеднички спомени.

Некои го препознаа овој период, на многу начини предизвикувачки и напорен, како пресвртница во продолжувањето на нивниот семеен живот, како момент во кој можат да променат некои работи, со акцент на забавување, дишење, меѓусебно поврзување и поминување што повеќе време заедно. А летото се покажа како совршено годишно време за постигнување на таа цел.

Едноставно е:

Не претерувајте во планирањето – не правете големи планови или дневен распоред.

Јадете заедно – моментите на јадењето заедно на маса се нешто што му е потребно на секое семејство.

Создајте микромоменти на заедништво – гледајте се в очи, смејте се, пуштете музика, танцувајте, шетајте, бакнувајте ги децата и повторувајте им дека многу ги сакате.

Исклучете ја технологијата – оставете ги мобилните телефони, има време во денот да одговорите на сѐ. А тоа е по дружењето. Гледајте се в очи, а не во екраните.

Извор



912

X