Здравје

Гласните играчки може да им го оштетат слухот на децата

Слухот на децата може да биде оштетен од бучни играчки со звучни ефекти. Затоа педијатрите апелираат до родителите да не им купуваат вакви играчки на своите деца, или ако веќе ги добиле од некого, да следат како децата ќе ги користат и колку е гласен звукот што го испуштаат.

Играчките можат да го оштетат слухот на детето, особено оние што се приближуваат до лицето

Губењето на слухот често се смета за нешто што им се случува само на постарите лица. Но, ние живееме, работиме и играме во многу бучни средини, а губењето на слухот влијае врз животот на луѓето од сите возрасти. Кај помалите деца, губењето на слухот може да биде предизвикано од играње со бучни играчки.

Дали играчките навистина се толку гласни? Многу играчки со кои си играат малите деца можат да произведат ниво на бучава од 90 децибели, што е исто толку гласно или погласно од косилката за трева. И познато е дека овие нивоа на бучава обично бараат заштита на слухот.

Тестирајте го звукот пред да купите играчка за да го заштитите слухот на децата

Ушите на детето се нежни, а во секој дом каде што има деца има и бучни играчки. Експертите ги советуваат родителите пред да купат, да направат тест за звук – да видат колку е гласна играчка. Јачината на звукот се тестира кога играчката ќе се приближи до лицето. Со новата играчка родителите треба да си играат како да се деца – да ја држат играчката до уво или може да се спуштат до висината на детето и да си играат со неа на подот. Ако играчката е премногу гласна за родителите, таа е премногу гласна и за детето.

Како да се намали јачината на звукот на играчката?

Обидете се да ставите проѕирна лента над звучниците на играчката. Некои тестови покажале дека ова ја намалува јачината на звукот и може да биде побезбедно за детските уши. Одвреме-навреме исклучувајте го звукот на играчките.

Кога постарите деца и тинејџерите слушаат музика со слушалки, родителите треба да застанат до нив и ако ја слушаат музиката преку слушалките што се на ушите на детето, тоа значи дека е премногу гласна. Експертите ги советуваат родителите да набават слушалки кои ја ограничуваат јачината на звукот, а во повеќето случаи тие автоматски го ограничуваат излезното ниво на околу 85 децибели, што е безбедна јачина до 8 часа. Мобилните телефони и таблетите имаат поставки за ограничување на јачината на звукот што може да се активираат.

Што ако детето добие инструмент/играчка на подарок?

Музичките инструменти се забавни, креативни подароци, но имајте ги на ум овие совети за слухот да не биде жртвуван. За сите музичари, особено тапанарите, заштитата на слухот е од суштинско значење. Постарите музичари ќе имаат корист од приклучоците за уши, кои го ограничуваат звукот без да го нарушат музичкиот интегритет. Тапанарите, на пример, се препорачува да вежбаат во интервали, со заштита за ушите. Вежбата треба да трае од 30 до 60 минути, а потоа треба да направите пауза исто толку долго за да ги одморите ушите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top