Здравје

Гинеколог за неинформираноста на жените: „Пациентки од 36 години мислат дека плодниот период е кога имаат менструација“

Има жени кои забремениле на 45 години, има и такви што имале деца во 50-тите години, но гинеколозите инсистираат дека ваквите случаи се повеќе исклучок отколку правило. Еден од нив е германскиот гинеколог д-р Јохен Тигес, кој објаснил до која старосна граница е реално да се очекува успешно зачнување.

– До одреден степен тоа е индивидуално. Резервите и квалитетот на јајце-клетките се важни. Тогаш навистина треба да ги измерите напорите, трошоците и физичкиот напор и да видите дали можете да препорачате третман за некого, од медицинска и од етичка гледна точка. Во нашата практика имаме ограничување на лекувањето до 45-годишна возраст, по што дефинитивно веќе нема смисла. Ова е случај во повеќето практики. Шансите за успех потоа се всушност блиску до нула. Дури и ако успеете да го пренесете ембрионот во матката, шансите да се роди дете се помали од еден процент – истакнува тој.

Истовремено, тој се осврнал и на неинформираноста на жените, кои живеат во заблуда и покрај нивната возраст и знаењето што треба да го имаат.

– Сè уште имам пациентки на возраст од 36-37 години кои веруваат дека плодниот период е времето кога имаат менструација. Многумина се навистина добро информирани, но не сите – заклучува тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top