Здравје

Гинеколог објаснува зошто закрепнувањето веднаш по породувањето е физички невозможно

Знаеме дека на социјалните мрежи некои жени се фалат дека се враќаат во форма веднаш по породувањето. Поради ова, некои нови мајки се чувствуваат лошо, па гинекологот Џенифер Линколн решила да објасни зошто закрепнувањето веднаш по породувањето е физички невозможно.

За само 30 секунди, таа успева да покаже зошто е апсурдно да се очекува некој кој штотуку родил дете да изгледа исто како пред бременоста.

„Дали знаевте дека матката на небремена жена е со големина на лимон, додека за време на бременоста расте до големина на лубеница или повеќе? Па, сега знаете“, рекла таа.

Со други зборови, бременоста трае 40 недели и за целото тоа време телото на жената се менува, па не е реално да се очекува дека ќе се врати во старата форма за само неколку недели.

„Матката почнува да се собира по излегувањето на плацентата, враќајќи се во својата нормална големина за околу шест недели“, додала д-р Линколн.

Многу познати жени, како Ешли Греам, се пожалиле на притисокот со кој се соочуваат новите мајки. Тие велат дека е обесхрабрувачки да се види оти нешто невозможно им се наметнува на жените кои штотуку родиле.

Извор

Поврзани написи

To top