„Кога ќе станам родител, детето никогаш нема да спие во кревет со нас“ или „Кога ќе станам родител, детето нема да смее да јаде слатки“. Ова се тие лаги што си ги кажуваме пред да станеме родители. Добро би било ако само на себе си ги кажувавме, но ние ги споделуваме тие размислувања и со другите. Добро е сѐ додека другите се спремни да го прифатат тоа како шега за да не го искористат подоцна против нас.

Она што никогаш не треба да го правиме пред да станеме родители е да кажуваме изјави кои почнуваат со „Никогаш нема да…“ Затоа што – еден ден ќе станеме родители, а тие реченици ќе звучат смешно, бидејќи реалноста е сосема поинаква кога ќе станеме родители.

На еден профил на платформата „X“, или поранешен „Твитер“, се замолувале родителите да ги споделат своите размислувања и ставови за родителството пред да станат родители и се покажало дека се целосно погрешни. Нивните одговори ќе го насмеат секој родител. Буквално. Еве неколку:

Малку за воспитувањето и децата кои се тешки за воспитување

-Преценив колку јас или некој друг имаат ефект врз нив. Мислев дека е 50/50 природа наспроти воспитување, но сега сум убедена дека е 90% природа, а јас сум само овде да не ги зафркнам другите 10%.“

„Мислев дека лошото однесување на децата е само резултат на лошо или мрзливо родителство. Некои деца се навистина попалави/погласни/понемирни/потврдоглави од другите поради нивната личност и развој. Како еден аспект од него да е едноставно вроден. Отпочеток се свои и само ви покажуваат кои се. Им покажувате како функционира светот и се обидувате да им помогнете да сфатат како да се вклопат, но тие се целосно свои кога ќе пристигнат“.

„Се прашував зошто моите пријатели со бебе ги планираат излегувањата според неговите термини за спиење? Зарем не можете само да го живеете својот живот и да го земете бебето со себе? И одговорот е НЕ! Зависи од бебето.“

За промената на животниот стил

„Ќе пишувам роман додека детето спие!“

„Нема да го напуштам мојот животен стил фокусиран на фитнесот! Ќе бидам една од оние трудници што креваат тегови! Ќе го прошетам моето бебе кога ќе бидам на пауза! Хахахаха добра шега, во потпис: јас од минатото“.

„Не го предвидов постојаниот пекол од средувањето на алиштата. Тоа не е нешто со кое погрешив, туку нешто за кое бев целосно неподготвена.“

„Купив скапа колевка и замислив како таа ќе лежи во неа цел ден. Сега во неа спие мачката на сестра ѝ.“

„Ќе имам толку многу слободно време, ќе можам да седам во собата додека таа игра и ќе можам да читам. Некој се пошегува со мене“.

За пребирливите деца се виновни родителите?

„Ќе спречам моите деца да станат пребирливи. Каква шега!“

„Порано верував дека ако готвам само 100% хранливи оброци и не им дозволам да јадат преработена храна, ќе воспитам здрави деца кои не се пребирливи. Често сето тоа завршуваше со солзи, а моето пребирливо дете се претвори во гремлин на роденденските забави со разни вкусни закуски“.

„Мислев дека ќе им ја давам само храната што ја имаме дома, па на крајот ќе мора да ја јадат ако не им понудиме ништо друго“.

Го прецениле мирот

„Нема да им давам екрани во рестораните за да ги замолчам. Хаха, сигурно.“

„Мислев дека ќе бидам опуштена за многу работи за кои не сум.“

„Велев дека бескрајно ќе ја задоволувам нивната љубопитност. Изгледа дека децата ги користат прашањата за да одолжуваат, па ако сакате да завршите некоја друга работа, на крајот тоа треба да го оставите.“

„Се преплашив кога првпат се слушнав себеси како кажувам: затоа што јас реков така.“

„Мислев дека никогаш нема да му дадам на моето дете ајпад и дека ќе го научам да оди во тоалет до 1 година. Се сеќавам и дека со крајно самодоволен глас ѝ реков на жена ми дека не треба да дозволуваме пластични играчки во куќата. Каква будала“.

„Ќе забележев луѓе како во јавност им викаат на своите деца и се прашував дали е навистина толку тешко да се биде трпелив и да се зборува љубезно? Па, тешко било“.

„Се омажив на 19. Само верував дека ќе биде многу тешко, но не бев подготвена за тоа. Мојата грешка беше што мислев дека кога ќе наполнам 40 години, ќе патувам и ќе ги правам сите забавни работи што можам кога ќе сум слободна. Спијам. Тоа е сѐ што правам по 40 години“.

Извор



912

X