Воспитување

Ги носи сите 5 деца на роденденска забава иако само едно е покането

Без разлика дали е за вакцинирање на вашите деца или оставање на бебињата да се исплачат, секогаш изгледа дека има нешто ново околу кое може да се дебатира во светот на родителите. Овој пат дебатата започнала кога Џина Вајлдер, 32-годишна мајка на 5 деца, објавила видео на „Тик-ток“ за тоа како нејзиното семејство оди на роденденските забави на кои е покането само едно од децата.

– Кога поканувате едно од моите деца на роденденска забава, вие поканувате едно дете, но нѐ добивате сите нас – напишала Џина во описот на нејзиното видео. Нејзините деца се на возраст од 4 месеци до 9 години. Сопругот го носи нивното новороденче, а во клипот носат заклучок со фразата: „Не грижете се, носиме одлични подароци.“

Видеото станало вирално и има над 1 милион прегледи. Некои од читателите изразиле загриженост што родителите ги носат сите деца на роденденска забава, од аспект на финансиска невнимателност за организаторите на забавата. Некои велат дека на децата треба да им биде дозволено да поминуваат време одвоени од своите браќа и сестри за да развијат односи надвор од семејството, а некои веруваат дека концептот на самопоканување на забава е некултурен.

Џина објаснила: „Мојот сопруг работи од понеделник до сабота, а во лето работи дури и подолго од вообичаено, па речиси никогаш не го гледам. Повеќето денови сме само јас и децата. Не ми е во ред да ги оставам децата на роденденска забава сами. Па, моето решение е: секогаш прашувам претходно дали може да ги донесам и браќата и сестрите на едното дете на забавата и секогаш плаќам за оние што не се поканети на забавата. Никогаш не вршам притисок врз родителите да се чувствуваат обврзани кон децата што не се поканети. Но, за мене е ужасна помислата да ги оставам децата некаде и да ги соберам по неколку часа. Кога моите деца ќе бидат постари и ќе чувствувам дека може да разберат што треба да прават за да бидат безбедни, тогаш ќе ги оставам сами на забава, но на оваа рана возраст тоа нема да се случи.“

Џина вели дека пораснала во домаќинство во кое сѐ се правело колективно, бидејќи има потекло од Хаити. „Така постапуваа моите родители и членовите на семејството. Правите забава за новородено дете? Целото семејство оди. Правите роденденска забава? Целото семејство оди. Луѓето од Хаити се многу посветени на семејството, па едноставно сѐ правиме како целина“, вели таа.

Потврдува дека нејзиното семејство навистина носи прекрасни подароци.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top