Воспитување

Ги носам децата во парк и седнувам на клупата: никогаш не си играм со нив и имам причина за тоа

Сè повеќе мајки и татковци дискутираат за оваа тема, особено на социјалните мрежи. Неодамнешно видео отвори дебата за улогата на родителите во парковите, имено прашањето дали родителите треба да учествуваат во играта или само да гледаат отстрана? Мислењата се поделени, но едно е сигурно: и децата и родителите можат да имаат корист од малку простор и независност.

Аманда, мајка на три деца, споделила видео од паркот каде што може да се види како седи со кафе и ги гледа своите деца како си играат. Нејзиниот одговор на виралното видео во кое се тврди дека родителите „треба да станат од клупите во паркот и да си играат со своите деца“ е едноставно: „Не“.

-Не велам дека никогаш не треба да се вклучувате, да играте или да го поддржувате вашето дете. Само сакам да нагласам дека е во ред ако не сакате да бидете возрасниот што се качува на игралиштето – вели таа.

И многумина се согласиле во тоа.

Зошто е важна самостојната игра?

Секако, сето ова важи за деца кои се доволно возрасни за безбедно да се движат по игралиштето без помош. Но, токму оваа независност им помага на децата да развијат социјални и моторни вештини, снаодливост и самодоверба.

За родителите, особено оние што се со децата по цел ден, одењето во парк може да биде единствената можност за пауза. Многумина велат дека поголемиот дел од времето го поминуваат дома активно со своите деца и затоа го перципираат паркот како простор каде што најмалите можат сами да истражуваат, додека родителот конечно седнува и се одмара.

Секако, имало и коментари во кои родителите ја нагласуваа важноста на надзорот.

-Не мора да си играте со децата, но мора да ги надгледувате – истакнал еден корисник.

Значи, иако можеби не одиме по лизгалките со децата, родителскиот режим останува вклучен. На децата им е потребен простор, но и безбедност. Ако сте татко кој сака да игра криенка со децата или да организира трки по лизгалката, тоа е исто така сосема прифатливо.

Нема правила за тоа како треба да изгледа играта на игралиштето, сè додека потребите и безбедноста на детето се во фокусот. Ако игралиштето е вашето место за поврзување со вашето дете – одлично. Ако е простор каде што ја поттикнувате независноста – тоа е исто така сосема во ред. Ниту едното не е погрешно.

Извор

Поврзани написи

To top