Здравје

Гестацискиот дијабетес нема симптоми, па затоа се важни контролите во бременоста

Високиот шеќер во крвта може да предизвика проблеми и за вас и за вашето бебе. Бебињата обично имаат поголема родилна тежина кога нивната мајка има гестациски дијабетес, што може да предизвика проблеми за време на породувањето. Вашето бебе може да се роди и со пониско ниво на шеќер во крвта. Но, со третман, повеќето жени со гестациски дијабетес можат да го контролираат нивото на шеќер во крвта и да имаат здрава бременост.

Жените што имале гестациски дијабетес имаат поголема веројатност да развијат дијабетес тип 2 подоцна во животот. Сепак, можете да го намалите ризикот од дијабетес со промени во животниот стил, како што се одржување здрава тежина, здрава исхрана и физичка активност.

Што го предизвикува?

Панкреасот произведува хормон наречен инсулин. Инсулинот му помага на вашето тело правилно да го користи и складира шеќерот од храната. Оваа рамнотежа ги одржува нивоата на шеќер во крвта во вистинскиот опсег. За време на бременоста, плацентата произведува хормони кои му отежнуваат на инсулинот да ја извршува својата работа. Ова се нарекува инсулинска резистенција. Бремените жени можат да добијат дијабетес кога панкреасот не може да произведе доволно инсулин за да ги одржи нивоата на шеќер во крвта во нормалниот опсег.

Кои се симптомите?

Гестацискиот дијабетес нема симптоми, поради што редовните прегледи во бременоста вклучуваат проверка на нивото на шеќер во крвта. Бременоста предизвикува почесто мокрење и постојано чувство на глад. Ако ги имате овие симптоми, тоа не мора да значи дека имате гестациски дијабетес. Разговарајте со вашиот гинеколог.

Како се третира и лекува?

Некои жени со гестациски дијабетес можат да го контролираат нивото на шеќер во крвта со правилна и здрава исхрана и редовно и лесно вежбање. Овој здрав начин на живот може да спречи појава на гестациски дијабетес во подоцнежните бремености и развој на дијабетес тип 2 подоцна во животот. Гестацискиот дијабетес мора редовно да го следи вашиот гинеколог, а доколку е потребно, тоа ќе го правите и со домашни тестови. Исто така, ако треба, заедно со правилната исхрана и по совет на ендокринолог, ќе добиете инсулински инјекции за да го контролирате нивото на шеќер во крвта.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top