Градинката „Стерни парк“ во Ешебург, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, сака на децата да им даде слобода да се откријат себеси. Поради ова, новиот сопственик на градинката вовел нови правила кои не вклучуваат непотребни ограничувања.
Една мајка објаснила дека тоа значи оти децата можат целосно голи да трчаат низ просториите во градинката, ако така сакаат и ако им е доволно топло. Исто така, децата наводно ќе учат за холокаустот. Додека повеќето се вознемирени од таквите правила, другите родители го поддржуваат новиот концепт.
„Дојде до тоа што некои деца веќе да не смеат да си играат со други деца“, изјавила една мајка.
Извршната директорка на градинката, Лејла Мојсич, смета дека да се биде гол не е табу ниту во другите градинки.
„Само децата што имаат позитивен однос кон сопственото тело се задоволни од себе и стануваат луѓе со самодоверба“, го појаснила таа ставот на градинката.
Што се однесува до поучувањето за холокаустот, Мојсич истакнува дека на децата нема да им се прикажуваат фотографии од Аушвиц, туку ќе се учат вредности како толеранција, слобода и почит.
Во оваа градинка има околу 110 деца.
912