Игротека

Интересно решение за олеснување на болката при растење на запчињата

Растењето на забите кај бебињата може да претставува кошмар, а истото важи и за родителите. Губење апетит, несоница, плачење, раздразливост и претерано излачување плунка се само некои од симптомите.

За овој период да помине колку што е можно побезболно, може да се купат многу производи – од гелови за непцата до играчки што ќе овозможат барем привремено олеснување.

Џејни на „Тик-ток“ открива како можете да му помогнете на детето.

Она што ви е потребно е мало крпче што ќе го ставите во студена вода и потоа ќе го завиткате и ставите во калапче за мафини. Потоа калапчето ставете го во замрзнувач половина час, па крпчето дајте му го на детето. Ќе ги лади неговите непциња додека весело го грицка.

 

Извор

Поврзани написи

To top