Игротека

Генијален трик на татко за да ги натера децата да си ја исчистат собата

Татко споделил паметен трик за да ги натера децата да ги исчистат своите соби. Чед Мекхант ја споделил својата идеја на „Фејсбук“ и брзо го добил епитетот „гениј“ од другите родители што го имаат истиот проблем со своите деца. На објавата на „Фејсбук“ тој го објаснил својот план и рекол дека треба да имате само кутија со црн ориз.

Напишал: „Имам деца тинејџери. Секогаш се расправам со нив за да не јадат во соба и да ги вратат валканите садови во кујната. Се заканив дека ќе им дојде глушец во собата кога ќе донесат пријатели дома. Се изморив од повторување на истото, па одлучив да ги научам на лекција. Отидов во продавница, купив црн ориз и го расфрлав во нивниот орман, под нивниот кревет, а дури ставив и во нивните чаршафи. Изгледаше како измет од глувци и тие се преплашија. Нема потреба да кажам дека ситуацијата со чистењето на собата веќе не е проблем“.

Неговата објава била споделена околу 90 илјади пати од родители кои му се благодарни и се обиделе да го применат советот. Некои го нарекуваат „гениј“ и „паметен“, а многумина сметаат дека целата ситуација е смешна. „Паметен родител. Браво!“, „Ви ја крадам идејата, но со мојата среќа, ќе сакаат да го нахранат глушецот – барем син ми сигурно ќе го стори тоа!“, „Ова е генијално“, „Мојата ќерка го правеше истото, секогаш јадеше во својата соба, па јас ставив лажни пајаци во креветот и веќе никогаш не јадеше таму“, се нижат коментарите.

Автор: Лиза Хоџ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top