Габор Мате е унгарско-канадски лекар, специјализиран за стрес, траума и емоционални состојби. Има големо искуство во семејната медицина, а особено се занимава со теми како што се развојот на децата, автоимуните болести, рак, АДХД и многу други проблеми.

Габор Мате објаснува како многу луѓе, особено во средните години, сè уште не знаат кои се. Причината за тоа лежи во конфликтот помеѓу две основни човечки потреби: потребата за приврзаност и потребата за автентичност.

Детето се раѓа со потреба за приврзаност, што значи дека мора да биде поврзано со родителите, бидејќи без таа врска не може да преживее. Оваа потреба останува важна низ целиот живот бидејќи мораме да бидеме поврзани со општеството и со луѓето за да опстанеме.

Другата клучна потреба што детето ја има е автентичноста, односно способноста да биде во контакт со своите емоции и искрено да ги изразува. Меѓутоа, проблемот настанува кога овие две потреби не се усогласени.

Ако детето разбере дека ќе биде одбиено од родителите ако биде автентично, ќе ги потисне своите чувства за да ја зачува врската со родителите. Ова се случува несвесно бидејќи родителите, често поради свои несвесни проблеми, не можат да ја поддржат автентичноста на детето.

Возрасните луѓе што поминале низ оваа динамика често стануваат отуѓени од своите вистински емоции. Иако на прв поглед можеби изгледаат дека водат нормален живот, тие не се во контакт со своите чувства и тешко можат да одговорат на прашањето: „Што чувствуваш?“

На крај, таквите луѓе можат да развијат психички или физички проблеми бидејќи научиле да ги потиснуваат своите автентични чувства за да ја одржат врската со другите.

Овој конфликт помеѓу потребата за автентичност и приврзаност често се јавува во детството, но неговите последици се чувствуваат во текот на целиот живот.

Извор



912

X