Игротека

Фудбалски клуб го наполни стадионот со 15.000 кадифени мечиња. Парите од продажбата се наменети за деца болни од рак

Поради коронавирусот, трибините на фудбалските стадиони претежно се празни низ цела Европа. Но, некои клубови најдоа креативен начин да ги пополнат.

Холандскиот клуб „Херевен“ организирал акција и на трибините успеал да стави 15.000 играчки, кои подоцна беа ставени на аукција и продадени со цел собраните пари да им се донираат за децата болни од рак.

Секоја од тие 15.000 играчки претставува едно дете заболено од рак.

Овој убав гест наиде на голема поддршка од јавноста, со што беа собрани 250.000 евра за помалку од еден ден.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top