Игротека

Фудбалерка тренира и во 6. месец од бременоста

Американската репрезентативка во фудбал – 28-годишната Сидни Лерокс Двајер која игра за „Орландо Прајд“ е една од најголемите ѕвезди на американскиот женски фудбал. Неодамна го привлече вниманието на јавноста кога се појави на тренинг, и тоа во 6-тиот месец од бременоста.

 

 

View this post on Instagram

 

I didn’t think I’d be starting off preseason 5.5 months pregnant but here we are. ?

A post shared by Sydney Leroux Dwyer (@sydneyleroux) on

Нејзиниот клуб се подготвува за новата сезона, а таа одлучила на единствен начин да им даде поддршка на своите соиграчи. Нејзината објава на друштвените мрежи американските медиуми ја прогласија за инспиративен и неверојатен момент.

– Не мислев дека ќе се приклучам во подготовките во поодмината бременост, но, еве ме!

Фактот дека е трудна и дека и покрај тоа тренира, не им се допадна на некои нејзини пријатели на друштвените мрежи, а таа им одговори:
– Ги правам само оние работи во кои нема контакт. Работам со топката и тоа е тоа!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top