Воспитување

Фразите „татини ќерки“ и „мамини синови“ постојат со причина

Децата се мешавина на гените од двајцата родители, но често ги гледаме само оние физички карактеристики што сме ги наследиле од едниот или другиот родител. Кога луѓето велат „тоа дете е плукнато на таткото“, не навлегуваат многу во карактеристиките на детето. Често може да ги има физичките карактеристики на едниот родител, а изразите на лицето и „личноста“ на другиот.

Иако научниците тврдат дека децата најчесто ја наследуваат интелигенцијата од своите мајки, денес ви пренесуваме листа од 7 карактеристики кои се наследени директно од нивните татковци. Оваа студија е објавена на веб-страницата „emicwetik.ru“ и гласи вака:

Ментални нарушувања

Меѓу оние што мажите им ги пренесуваат на своите потомци, најистакнати се АДХД и шизофренијата.

Репродуктивно здравје

Истражувањата откриле дека слабиот квалитет на спермата може да биде наследна патологија. Во овој случај, бебињата зачнати како резултат на вештачко оплодување веројатно и самите ќе имаат проблеми со зачнување.

Срцеви заболувања

Научниците откриле дека некои мажи можеби се носители на неисправни хромозоми кои го зголемуваат ризикот од коронарна артериска болест за 50%. Под одредени фактори, оваа особина ја наследуваат синовите.

Пол

Не е тајна дека машките гени се одговорни за полот на бебето.

Раст

Интересно е што растот зависи од гените на таткото: колку е повисок таткото, толку е поголема можноста наследниците да бидат високи.

Боја на очите

Со оглед на тоа што гените на таткото доминираат кај гените на децата, главните црти на лицето и бојата на очите на детето се со поголема веројатност да бидат исти како оние на таткото.

Состојба на забите

Мора да знаете дека машките гени се одговорни за структурата на вилицата, па децата ја наследуваат густината на забите, белината и слично од својот татко.

Мајката им пренесува 100% од својот интелект на своите синови

Истото важи и за недоволно развиените ментални способности кои синот ги наследува од мајка си. Таткото може да „дели“ интелект само со својата ќерка, но шансите за тоа се 50% (што значи дека ќерката може да наследи интелект и од мајката и од таткото).

Она што го наследуваме само од нашата мајка:

  1. Метаболизам – способност за слабеење
  2. Моќта на концентрација
  3. Склоност кон стареење – првите линии на насмевка ќе се развијат со иста брзина како и кај вашата мајка
  4. Расположение – ако мајката е весела и насмеана личност, такви ќе бидат и децата
  5. Помнење – ако мајка ви е бистра и во старите денови, не грижете се, бидејќи и вие ќе бидете такви.

Заклучок и порака до жените:

Ќерката ќе добие половина од вашите ментални способности.

Синот го наследува умот на татко ви, а не на вашиот сопруг. Затоа, фразата „ти си ист како татко ти“ едноставно „не држи вода“.

Можете да ја воспитувате вашата ќерка како сакате, но таа секогаш ќе има ум како нејзиниот татко!

Извор

Поврзани написи

To top