Игротека

Овие фрази порано ги кажуваа мајките, а денес би ги шокирале приврзаниците на нежното родителство

Поранешните генерации мајки не биле склони кон воздржаност како денешните. Го зборувале она што го мислеле, очекувајќи децата да се справат со тоа, а директноста и хуморот им биле алатки за преживување во секојдневието. Многу денешни родители, и покрај цврстите одлуки дека ќе бидат поинакви, често се фаќаат себеси како ги повторуваат токму оние фрази од сопственото детство што веројатно би ги згрозиле приврзаниците на таканареченото нежно родителство.

Реалноста е таква што повеќето родители применуваат воспитни стратегии и тактики што и самите ги искусиле како деца. Истражувањата потврдиле дека несвесно ги повторуваме фразите, дисциплинските методи и моделите на комуникација од сопственото детство, дури и кога сме се колнеле дека никогаш нема да го правиме тоа. Врската меѓу начинот на кој сме биле воспитувани и начинот на кој ги воспитуваме нашите деца е суптилна, но реална, што значи дека повеќето од нас, свесно или не, во одредена мера го повторуваат сопственото детство.

Во продолжение се дадени фрази што мајките порано постојано ги повторувале, а денес би можеле да ги шокираат поддржувачите на нежното родителство.

„Не“ – Не, не, не, не и не.

„Помалку зборување, повеќе јадење“ – Престани да си играш со храната и изеди ја.

„Не те прашувам, ти кажувам“ – Не те прашувам дали ќе одиш на училиште, ти кажувам дека ќе одиш!

„Дали си…?“ – Ги изми заби, ги изми раце, ја среди собата, ја напиша домашната, ја удри сестра ти, рече благодарам?

„Те молам, престани“ – Да пееш, да викаш, да плачеш, да мочаш по подот, да фрлаш храна, да се тепаш, да трчаш.

„Нема да повторам“ – Подобро не тестирај ме.

„Престани да трчаш!“ – Ќе паднеш и ќе се повредиш!

„Што направи?“ – Зошто ѕидот е исшаран со фломастер? Каков ти е тој израз на лицето? Што направи?

„Бројам до три“ – Еден, два, два и пол…

„Побрзај!“ – Ќе задоцниме! Дали ќе побрзаш?

„Затоа што јас така велам“ – Прашуваш зошто? Е па затоа.

„Не трескај ги вратите!“ – Некој ќе остане без прсти!

„Направи го сам“ – Имаш нозе, направи го сам.

„Внимавај“ – Внимавај што правиш, ќе се повредиш.

„В кревет!“ – Оваа заповед обично следува по категоричното „не“.

„Да не си случајно…?“ – Гладен, уморен, да не ти е досадно, да не си лут, да не ти е жешко, ладно, да не си болен, да не си тажен, среќен?

„Слушај ме!“ – Слушај ме кога ти зборувам!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top