Воспитување

Ако децата имале тежок ден, треба да им ги кажете овие реченици

Како и возрасните, и децата имаат денови кои им се потешки од другите. Понекогаш станува збор за училишни обврски, кавги со другарите или едноставно чувство дека никој не ги разбира. Во тие моменти најважно е да се почувствуваат сигурни и прифатени дома. Начинот на кој зборуваме со децата може значително да влијае не само врз нивното расположение, туку и врз тоа како подоцна во животот ќе градат односи и ќе се справуваат со предизвици.

Родителите често мислат дека мора да најдат совршени зборови или решенија за да му помогнат на своето дете. Но, она што навистина им е потребно на децата е потврда дека ги гледаме, ги слушаме и дека не сме разочарани кога им е тешко. Кратките, едноставни реченици можат да имаат огромно влијание бидејќи тие обезбедуваат емоционална сигурност и јасно покажуваат дека детето не е само.

Детскиот психолог, мајка и едукатор за воспитување Џејми Блох сподели список со реченици кои родителите можат да им ги кажат на своите деца по тежок ден:

„Ништо не менува колку те сакам“.

„Многу сум горда на тоа како го издржа денешниот ден“.

„Не мора со сè да се справуваш сам“.

„И на лошите денови им доаѓа крајот“.

„Во ред е да ги чувствуваш сите тие емоции, тука сум за тебе“.

„Даде сè од себе. Тоа е доволно“.

„Сега си безбеден. Тука сум“.

„Жалам што денес беше толку тешко. Сакам да разберам“.

„Те сакам, дури и кога сè ти е збунувачко“.

„Ти учиш, а и јас со тебе“.

„Твоите чувства се важни“.

Користењето на овие реченици не значи дека сите проблеми ќе исчезнат, но им дава на децата чувство на сигурност и припадност. Кога децата знаат дека родителите ги прифаќаат дури и во најтешките моменти, тие градат подлабока доверба и развиваат отпорност на животните предизвици.

– Понекогаш е доволна само една едноставна фраза. Само блага реченица која вели: „На безбедно си. Те гледам. Тука сум“. Не станува збор за совршено родителство, туку за обезбедување емоционална сигурност по која и сами некогаш копнеевме – заклучува психологот.

Извор

Поврзани написи

To top