Покрај толку многу придружни работи за бебињата, не е чудно некогаш да се збуните и да не сфатите за што служи одредена работа.
– Една пријателка ми даде многу работи за бебе, облека, носилки, колепка, ќебенца…, па не бев сигурна што е ткаенината што ја пронајдов во вреќата. Бев убедена дека тоа е сукња за трудници, па ја исправ и ја облеков – раскажа Фарел за порталот Motherly.
Откако излегла од дома, сè уште нешто ѝ било сомнително, па на работа го пребарала на интернет името на брендот од сукњата и тогаш сфатила дека не станува збор за облека, туку за навлака за детско седиште во автомобил.
Фотографијата ја објави на Фејсбук и ги насмеа многубројните корисници на друштвената мрежа, кои ја споделија 59 илјади пати за два дена.