Дури и пред пандемијата да го има целосното внимание, се отвори важна дискусија за невидливиот товар што го носат мајките на својот грб и количината на стрес што им ја предизвикува, а тоа негативно влијае врз нивната благосостојба. Последните податоци од Американското биро за статистика на трудот, од 2020 година, откриваат дека во некои случаи мајките трошат двојно повеќе време грижејќи се за децата отколку татковците. Но, во некои домаќинства еднакво го споделуваат товарот.
Сара Данкан споделила фотографија од нејзиниот сопруг Џои додека спие на подот во болница.
– Ајде да зборуваме за ова бидејќи не добива доволно внимание – напишала таа. Таа истакнала дека некои луѓе може да ја погледнат фотографијата и да видат татко кој спие додека мајката седи будна држејќи го своето бебе во службата за итна помош во 2 часот наутро. Но, она што таа го гледа е татко кој спие на тврдиот под во службата за итна помош откако работел 12-часовна смена, 6. пат во неделата во последниот месец, и покрај фактот што таа барала тој да остане дома и да се одмори – сето тоа бидејќи не сакал неговите сакани да бидат сами во болницата.
Таа објаснила дека не е секогаш можно да се поделат обврските околу бракот и родителството на 50-50. „Некои денови е така, но некои е 60-40, 70-30, па дури и 80-20. И вие мора да го носите својот товар, без разлика што му е потребно на вашиот партнер дента. Тоа е љубов. Тоа значи да се биде сопруг. Тоа значи да се биде татко“. Гордата сопруга заклучила: „Не би сакала да поминувам низ ова во животот со никој друг! Ти благодарам за сè што правиш за нас, тато! Те сакаме!“
Џои работи како техничар за цемент и само што ја завршил 12-часовната смена таа вечер. Данкан забележала дека нивната ќерка тешко дишела, па сакала да ја донесе во болница. Нејзините сопруг имал утринска смена неколку часа подоцна, па се облекол во чиста униформа за на работа и ги одвел сопругата и ќерката во болница. Подоцна, откако го видела нејзиниот сопруг како лежи на подот, Данкан била инспирирана да направи фотографија и да ја објави на „Фејсбук“.
Автор: Мареса Браун