Воспитување

Фотографија ја покажува реалната слика на родителството

Оваа фотографија стана вирална не поради прекрасното новороденче, туку поради заткулисната фотографија од родителите на бебето.

Тука е сликата за родителството што сите ја имаме во нашите глави (знаете, совршените слики што би сакале да ги споделите на социјалните мрежи), а тука е и реалноста… која изгледа помалку совршено. Затоа што сите неверојатни работи што доаѓаат со донесувањето нов живот во светот сигурно се и исцрпувачки. Веројатно затоа неодамнешната фотографија стана вирална – не поради слатките фотографии од новороденчето, туку поради заткулисната фотографија од родителите на бебето, Синди и Рос Дејвис.

Фотографката Сара Јанковски раскажала како нејзината асистентка Аманда Вокер го овековечила магичниот момент.

-Повеќето родители седат и се релаксираат за време на фотосесијата на новороденчето – вели Јанковски, додавајќи дека кога семејството Дејвис дошле во нејзиното студио на фотосесија, тие буквално ги сфатиле нејзините зборови.

„Обично татковците дремат за време на фотографирањето, но ретко тоа се случува и со двајцата родители“, рекла Сара. „Синди и Рос ми кажаа дека откако се родило бебето, тие речиси воопшто не спиеле, бидејќи бебето ги држело будни цела ноќ“.

И додека траело фотографирањето, родителите почнале да се проѕеваат. „Во моето студио секогаш е топло поради бебињата, осветлувањето е придушено, па во студиото е многу мирно и релаксирачко“, изјавила Сара. „Почнав да го подготвувам детето за следното позирање, а мојата помошничка ме замоли да се свртам. Ја видов најслатката сцена: Овие двајца исцрпени родители, потпрени еден на друг, слатко спијат“, раскажува Сара.

Асистентката Вокер направила неколку фотографии од нив за да им ги покаже подоцна, па ги оставила да спијат. Четириесет и пет минути подоцна Синди и Рос се разбудиле – и очигледно, тие не ни сфатиле дека заспале! Јанковски вели дека реакциите на фотографијата досега биле „многу слатки“, најмногу поради фактот што и другите родители се пронашле во таа сцена.

„Толку многу родители ја разбираат исцрпеноста и несоницата што доаѓа со раѓањето нов член во семејството, што сите можеме да се поврземе со таа ситуација“, рекла Сара.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top