Фотографиите од породување претставуваат неверојатно интимна и моќна уметничка форма. За да им оддаде почит на семејствата кои избираат да ги документираат и споделат овие ранливи моменти, Меѓународната асоцијација на професионални фотографи на породување одржува годишен фотонатпревар.

Во средата Асоцијацијата ги објави победниците на својот 11. годишен натпревар за фотографија на раѓање, кој ја слави извонредноста во четири главни категории: породилни болки, породување, постпартум и детали за раѓање. Поткатегориите вклучуваат црно-бело, документарно, ликовна уметност и тешкотии и загуба.

– Ние сме неверојатно горди на учесниците на овогодишниот натпревар бидејќи и покрај сето она што го издржавме во нашата заедница во последниве години, овој натпревар го претставува отпорот што фотографите на породување треба да го надминат во непредвидените предизвици“, рече директорката на Асоцијацијата, Лиз Кук, во соопштението за печатот.

– Исто така, ние сме воодушевени што воведуваме нова, влијателна и моќна поткатегорија со наслов „Тешкотии и загуба. Сакаме да им оддадеме почит на 1 од 4 раѓања кои доживеале спонтан абортус и/или загуба, а фотографиите од овие настани во нашата прослава на фотографијата на породувањето се еден од начините на кои можеме да го направиме тоа.

Горди сме што ви го претставуваме делото што го одзема здивот, кое ги споделува најмоќните моменти во животот од 2021 година – вели таа.

Во продолжение погледнете ги фотографиите.

Извор



912

X