Секоја трудница има различен стомак, но тоа ретко се гледа. Мишела Мајер-Морси од Данска на почетокот од овој месец ги роди синовите Чарлс, Теодор и Габриел, а целата бременост ја документира на нејзиниот инстаграм-профил.
Меѓу другото, таа го покажа и екстремно големиот труднички стомак со необична форма. Видеото собра повеќе од 14 милиони прегледи и многу коментари како: „Заслужуваш почит и „Едноставно, ти си суперхерој“.
Неколку дена пред породувањето, Мишел напишала дека чувствува огромна болка и дека со нетрпение чека да се породи.
– Породувањето помина многу подобро отколку што мислев. Беше тешко, но не како минатиот пат – рече таа откако успешно се породила и родила три момчиња.
Таа објави и фотографија од нејзиниот стомак десет дена по породувањето. Рече дека е многу помал, но сепак тежок и неверојатно болен.
– Ме боли дури и додека дишам – рече таа.
Бременоста кај секоја жена е различна. Тоа е под влијание на повеќе фактори: дали е прва бременост, видот на телото или повеќекратна бременост.
– Состојбата при која се раздвојуваат левиот и десниот стомачен мускул, исто така, може да влијае врз обликот на стомакот на бремената жена. Тоа значи дека има повеќе простор во абдоменот, па затоа и матката е поиспупчена – вели Џесика Кили, професорка по гинекологија од Медицинскиот факултет во Нортвестерн Фајнберг.
– Бремените жени секогаш се чувствуваат како да изгледаат поголеми или помали од нивната пријателка, сестра или сосед. Наша работа е да им објасниме дека она што е нормално за нив, можеби не изгледа нормално за другите жени – заклучува таа.