Доколку сѐ уште не сте почнале со подготовката на вашата екомаска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните екомаски!
Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо-пултот на маркетот во „Рамстор мол“ најдоцна до 31.3.2022 или најдоцна половина час пред почетокот на настанот, на 1 април, на самото место на одржување на настанот.
Право на учество имаат сите деца на возраст од 3 до 14 години, кои ќе можат да земат учество на екомаскенбалот со изработка на екомаска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали што може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.
Трите најдобри маски ќе добијат награди – штедни влогови од Шпаркасе банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 10.000 денари, за второ место – штеден влог од 6.000 денари и за трето место – штеден влог од 4.000 денари.
Бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1 април, во 18 часот, во „Рамстор мол“!
(Комерцијална објава)
912