Децата во некои училишта, на пример, во САД, јадат барем еден готвен оброк.
Некаде јадењето е поубаво, некаде не е толку убаво, понекогаш децата го обожаваат, понекогаш се пребирливи. Но, секако е добро да јадат готвена храна. Во продолжение погледнете фотографија од ручек послужен во училиште во Јужна Кореја.
This is the lunch that was served to everyone at an elementary in South Korea.
byu/novadaemon inpics
Фотографијата станала вирална откако била објавена на „Редит“ и малкумина останале рамнодушни. Послужавникот има шест одделни вдлабнатини во кои може да се стават различни видови храна. Ручекот содржи нудли во некаков убав сос, потоа полнета опашка од јастог (да, јастог), ориз, кисел зеленчук…И некои работи за кои не можеме ни да дефинираме што се. Во ред, секако, постојат некои културни разлики во исхраната, а корејската храна е доста различна од Балканската, на пример.
-Студирав во Кореја шест месеци преку универзитетска размена. Храната во универзитетската кафетерија изгледаше точно вака и беше 10/10. Мојата приватна соба во универзитетскиот дом чинеше 500 американски долари за целиот семестар и вклучуваше неограничена храна – напишал некој во коментарите, што очигледно не бил изненаден од овој оброк.
Имало и такви кои се задоволни од оброците во други училишта, на пример низ Европа. Кое е вашето мислење за ваквиот училишен оброк?
Автор: Наташа Крстичевиќ