Игротека

Ева Лонгорија објавила фотографија со синот, а под неа поставила мајчинско прашање

Дали е ова официјална фризура за доење?, е прашањето што Ева Лонгорија ѝ го поставила на својата другарка Криси Тајген. Меѓутоа, не добила одговор само од неа. Во допишувањето се вклучиле мајки од целиот свет…

Иако не објавува често фотографии од едномесечниот син Сантијаго Енрике, овој пат направила исклучок зашто, иако фотографијата е преубава, темата не е бебето. Имено, познатата мајка Ева Лонгорија има друг проблем

Широка облека, неуредна коса собрана во пунџа и нанаспаност се „проблеми“ што ги имаат сите мајки, а секоја од нас во тие моменти помислила дека е сама на светот и дека никој не ја разбира. Претпоставуваме дека така се чувствувала и Ева, или дури сега доживеала нешто за што само читала, па морала да провери. А кого друг да го праша ако не својата пријателка и искусна мајка, секогаш подготвена за шега на своја сметка, манекенката Криси Тајген.

– Хеј, Крис, дали ова е официјална фризура за доење? Имам чувство дека постојано ја имам оваа неуредна пунџа на главава. Толку е тешко да се направи што било друго…, напишала шармантната глумица.

Меѓутоа, Крис не ни стигнала да одговори, а мајки од целиот свет почнале да пишуваат под фотографијата коментари полни со поддршка упатени кон глумицата. Напишале и низа комплименти за бенките и преубавото лице без шминка.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top