Воспитување

Емоционално запоставените деца ја развиваат оваа позитивна карактеристика

Иако емоционалното запоставување во детството остава негативни последици врз животот на детето, како во младоста така и во зрелоста, понекогаш тоа може да резултира со развој на одредени позитивни карактеристики. Како што објаснуваат психолозите, постојат дури и неколку доблести кои се заеднички за речиси сите луѓе што биле емоционално запоставени како деца.

Една од карактеристиките која е заедничка за речиси сите е независноста. За разлика од децата кои отсекогаш знаеле дека можат да сметаат на своите родители, емоционално запоставените мали деца немале толку среќа. Иако можеби тоа никогаш не било кажано гласно, тие многу рано дознале дека се препуштени сами на себе за да се снаоѓаат. Затоа, сега како возрасни, тие претпочитаат повеќето работи да ги прават сами бидејќи знаат дека секогаш можат да сметаат на себе.

Покрај независноста, овие луѓе се многу сочувствителни. Кога биле деца, нивните чувства премногу често биле игнорирани. Но, позитивната работа е што во повеќето случаи тоа не ги навело да изгубат сочувство или емпатија кон другите.

Напротив, многу студии на оваа тема покажале дека поединците кои биле емоционално запоставени од нивните родители како деца најмногу се грижат за туѓите чувства и им даваат најголема поддршка на оние околу нив, кога некој од нивните пријатели, партнери или деца минуваат низ тешки времиња.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top