Игротека

Емотивно видео: Мајката секогаш го препознава своето дете

Врската помеѓу мајката и детето е посебна, не прекинува ни кога детето ќе порасне и ќе си го најде својот животен пат. Доказ за тоа е ова прекрасно видео што стана вирален хит.

Во видеото е прикажан еден млад американски војник кој се вратил од Ирак. Тој одлучил да ја изненади својата мајка, а во тоа му помогнале татко му и дедо му.

Облечен во униформа седнал на ѕитчето што се наоѓа пред дуќанот во кој работи неговата мајка, ставил очила за сонце и се преправал дека чита весник, за да види дали таа ќе го препознае. Мајката поминала покрај него, но мајчинската интуиција ја натерала да го погледне уште еднаш. Тогаш сфатила дека тоа е нејзиниот син. Погледнете го видеото:

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top