Децата обично бараат различни подароци од Дедо Мраз за време на празниците. Но, едно 8-годишно девојче побара нешто уникатно за оваа година.
Кортни Вуд, ќерка на медицинска работничка од Британија, му испрати писмо на Дедо Мраз со желба да направи светот да се врати во нормала.
Нејзината мајка, Саманта Дикен, го открила писмото додека ја чистела нејзината соба. Така, Саманта го споделила писмото на нејзината ќерка на „Фејсбук“. Невиноста на малото девојче може да се види во самото писмо бидејќи таа бара од Дедо Мраз светот да го врати во нормала, но е и многу внимателна во однос на нејзиното барање, пишувајќи: – Не знам дали можеш да го направиш тоа, но ако не можеш, во ред е.
Во писмото Кортни додава дека не ѝ пречи ако не добие ништо бидејќи веќе има сѐ што ѝ е потребно.
Нејзината мајка сподели дека Кортни се соочува со многу емоции поради карантинот во Британија. Според Саманта, на малото девојче му недостига семејството, бидејќи и двајцата вујковци живеат далеку, па одамна се нема видено.
Писмото ви го пренесуваме во целост:
„Драг Дедо Мраз,
Сѐ што би сакала за Божиќ е светот да се врати во нормала. Не знам дали можеш да го направиш тоа, но ако не можеш, во ред е. Не ми пречи ако не добијам ништо бидејќи веќе имам сѐ што ми треба“.
912