Воспитување

Емотивна посвета за второто дете: Ме направи подобра мајка

Кога чекате второ дете, преплавени сте со различни емоции: возбуда, вознемиреност и тага што ќе го препуштите вашето прво дете само на себе. Има и чувство на вина затоа што првото дете мора да го дели вниманието, но и затоа што второто дете нема да добие толку внимание од вас како што тоа го добивал неговиот постар брат или сестра.

Во основа, тешко е да се знае како ќе се чувствувате додека не се роди второто бебе. И тогаш секоја грижа, секој страв и секој стрес станува минато. Мајката Кендра Барнс одлично опишала што точно се случува во видеото кое го снимила пред две години, а кое се гледа и ден-денес. Таа искрено ги изразила своите чувства.

„Ти си второто дете. Не во моето срце, но едно дете дојде пред тебе. Да, со тебе беше поинаку. Немаше забава за откривање на полот. Не читавме книги за бебиња и не проверувавме апликации секоја недела за да видиме како кој вид овошје си“, вели Барнс на почетокот на видеото, кое собрало 1,6 милиони прегледи.

„Не направив толку многу фотографии, не го поминував секој момент будна размислувајќи за тоа како врвовите на твојата коса би можеле да се свиткаат на влажен ден. Мојот ум беше позафатен, телото ми беше поуморно. Грижите кои доаѓаа со првото дете ги нема, но стравувањата дека нема да бидам доволна за тебе започнаа. Се прашував како моето срце би можело некогаш да биде доволно големо, како еднакво би го делела моето време, енергија и љубов“, продолжила таа.

Сè што наведува Барнс е вообичаено кај мајките кои ги прошируваат своите семејства. Преминувањето од едно на две деца е емоционално, физички и психички напорно за мајката.

„Ти ме научи колку можам да бидам силна и ми ја даде самодовербата што ми недостигаше првиот пат. Но, повеќе од сѐ, љубов моја, ме научи дека срцето е неограничено и дека љубовта е противотров за стравот. Значи, вистина е. Не ме направи мајка, но сигурно ме направи подобра“, заклучила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top