Oва е емотивната божиќна реклама.
Сопственикот на „Хафорд хардвер“ од Велс направи интересна божиќна реклама со неговиот 2-годишен син Артур и таа е прекрасна.
Продукцијата на рекламата чинела само 100 долари, а повеќето пари биле потрошени на музика. Видеото стана вирално и за само три дена привлече над 415.000 прегледи.
Видеото покажува како Артур се буди и се подготвува за работа во продавницата.
Сопственикот вели дека пораката на рекламата е луѓето да купуваат од мали независни продавници.
– Сфаќам дека Божиќ е време кога се трошат многу пари, но ако можете да си дозволите, обидете се да купувате од вашите мали независни продавници и да ги поддржувате, правите вистинска разлика – изјави сопственикот.