Здравје

Експерт за спиење има нови сознанија за синдромот на ненадејна доенечка смрт

Експертот за спиење, д-р Кармел Харингтон, ја посветила својата кариера на истражување на синдромот на ненадејна доенечка смрт (СИДС) откако нејзиниот двегодишен син Демиен починал од оваа состојба во 1991 година.

Денес, 29 години подоцна, истражувањето што таа го водела довело до првиот голем напредок во светот при превенцијата од СИДС. Во соработка со Детската болница во Вестмид, Нов Јужен Велс, д-р Харингтон и тим од истражувачи го идентификувале првиот биохемиски маркер што укажува на подложноста на бебето на СИДС.

Ниско ниво на ензим кој дејствува на возбудување на мозокот

Студијата објавена во „The Lancet’s eBioMedicine“ покажала дека нивоата на бутирилхолинестераза (BChE), ензим кој игра главна улога во стимулацијата на мозокот, се значително пониски кај бебињата што умреле од СИДС во споредба со живите контролни групи и други смртни случаи на доенчиња. BChE игра голема улога во патеката на стимулација на мозокот и истражувачите веруваат дека неговиот недостиг укажува на дефицит на возбуда, што ја намалува способноста на доенчето да се разбуди или да реагира на надворешната средина, предизвикувајќи ранливост на СИДС.

Истражувачите веруваат дека овие наоди имаат потенцијал да го променат пристапот кон овој синдром, отворајќи ја можноста за интервенција. Тоа конечно ќе им даде одговори и на родителите кои трагично ги загубиле своите деца поради овој синдром.

„Бебињата имаат многу моќен механизам со кој ни даваат до знаење кога не се среќни. Како по правило, ако бебето се соочи со ситуација опасна за живот, како што е отежнато дишење додека спие или додека лежи на стомак, ќе се возбуди и ќе почне да плаче“, изјавила д-р Харингтон за детската клиника во Сиднеј.

„Ова истражување покажува дека некои бебиња немаат ист силен одговор на возбудувањето. Долго се мислеше дека е така, но досега не знаевме што предизвикува недостиг на возбуда. Сега кога знаеме дека е вклучен BChE, можеме да почнеме да го менуваме исходот за овие бебиња“, објаснила таа.

Автор: Карина Статис

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top