Воспитување

Експерт за безбедност на деца советува ова никогаш да не го правите

Холи е експерт за безбедност на доенчиња и мали деца која води работилници за безбедност преку интернет со нејзината сестра Џил. Канадското дуо е активно на социјалните мрежи и редовно споделува совети кои би можеле да им помогнат на родителите и старателите.

Во неодамна објавеното видео, Холи покажала зошто мисли дека заштитните огради се крајно опасни кога се поставени на врвот од скалите.

„Тие лесно можат да се срушат и тогаш вашето бебе ќе падне по скалите. Тие треба да бидат на дното на скалите“, предупредува таа.

Холи истакнува дека тоа е грешка што ја гледа во многу домови.

„Дури и малите бебиња можат да ги срушат. Таквите врати функционираат затоа што се држат за шипка на дното, што е голема опасност за сопнување. Родителите, исто така, може да се сопнат додека ги носат своите деца по скалите“, додала таа.

Таа посочува дека алтернатива на оградите се вратите кои се монтирани од ѕид до ѕид и прицврстени за децата да не можат да ги срушат.

Извор

Поврзани написи

To top