Игротека

Училиштен експеримент покажува што се случува кога не ги миеме рацете

Сезоната на настинки пристигна, па затоа треба постојано да ги потсетуваме нашите деца да внимаваат со хигиената и постојано да си ги мијат рацете.

Доколку сакате да им ги покажете последиците од нередовно одржување на хигиената и нередовно миење на рацете, добро би било да продолжите да читате.

Џарали Меткалф е специјалист за однесување која работи во одделение за аутизам со деца од претшколска возраст сè до шесто одделение. Неодамна, таа и нејзиниот специјален едукатор Дејна Робертсон пронашле експеримент на веб-страницата на детската болница Ц. С. Мот наречен „Колку се чисти твоите раце?“

– Го избравме овој експеримент бидејќи учевме за распаѓање на лисјата и мувлата, а се приближуваше и сезоната на грип и настинки. Сметавме дека ќе биде одличен експеримент со кој учениците ќе научат за мувлата, користејќи мувлосан леб – вели Џарли.

Тие ставиле пет парчиња леб во одделни кеси. Едно парче било ставено без воопшто да биде допрено, друго било допрено со неизмиени раце, трето било допрено од деца што си ги миеле рацете со сапун и вода. Четвртото било допрено од деца што користеле средство за дезинфекција, а петтото парче леб го допреле деца што претходно користеле училишни лаптопи.

Свежо и недопрено парче леб

 

Парче леб допрено со валкани раце

 

Парче леб допрено со раце измиени со вода и сапун

 

Парче леб допрено од деца што користеле средство за дезинфекција на рацете

 

Парче леб допрено од деца што претходно ги користеле училишните лаптопи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top