Дали на малите деца треба целосно да им се забранат таблетите, паметните телефони или гледањето телевизија?
На саемот за телевизиска содржина и програма за деца „МИП Џуниор“, одржан во Кан, се дискутирало токму на оваа тема, када што Керол Биенем-Бес, задолжена за регулација на телевизиските содржини на француските телевизии, утврдила дека изложеноста на децата на дигиталните уреди стана прашање од јавно здравје.
Исто така, таа коментирала дека луѓето почнале да сфаќаат дека екраните може да предизвикаат зависност дури и кај малите деца, а во екстремни случаи и проблеми слични на аутизам, кој го нарече вирален аутизам.
Што се однесува до Франција, тамошните експерти ги советуваат родителите дека на децата помали од три години треба целосно да им се укине гледањето содржини на екраните. Во 2008 година земјата им забрани на програмите да им се обраќаат на деца помали од три години, вели Керол. Забранет е и популарниот канал „Бејби ТВ“.
Би-би-си смета дека забраните се нереални и дека е потребно да се создаде различна содржина, а тие токму тоа го прават. Имено, овој канал создава содржина наменета за деца постари од две години, иако се знае дека го следат и бебиња и помали деца.
Наместо забрана, децата треба да научат да препознаат содржина што не е за нив, во нив да развиеме критичко размислување и она што е најважно, да побараат помош ако во дигиталниот свет се сретнат со нешто што не е соодветно за нив. Особено е важно детето да го знае ова пред да почне да ги користи социјалните мрежи.
Керол се осврна и на социјалните мрежи и изјави дека во Велика Британија дури 75 отсто од десетгодишниците користат „Инстаграм“, „Твитер“ и „Фејсбук“. Таа вели дека тоа е апсурдно и дека социјалните мрежи не се опфатени со закон, како и другите медиуми и даватели на содржини, што би ги натерало да внимаваат на содржините.
– Истовремено, директорите на големите компании што произведуваат апликации и дигитални содржини за бебиња и деца ги испраќаат своите деца во Монтесори-градинки и училишта каде што екраните се целосно забранети – рече таа.
– Стив Џобс не им дозволувал на своите деца да користат ајпад. Би било подобро децата да станат експерти за технологија така што ќе учат да програмираат, а не да бидат робови на готови производи – додаде Керол.
Сепак, одлуката останува на родителите. Потребно е добро да се размисли што држат во раката децата и колку таа содржина е безбедна.