Q UP! е едукативна франшиза за деца која нуди уникатен и иновативен образовен модел. IQ UP! едукацијата, преку мултидисциплинарен систем на учење, ги опфаќа сите области од СТЕАМ-спектарот (наука, технологија, инженерство, уметност и математика), комбинирани со литература и програмирање за деца. Меѓутоа, IQ UP! едукацијата е многу повеќе од тоа бидејќи освен стекнување академско и функционално знаење од горенаведените области, фокусирана е и на развој на интелектуални вештини и вредности.

Според креаторите на овој иновативен образовен модел, безвредна е едукацијата на детските умови без истата да допре до нивните срца, односно едукацијата треба да има позитивен импакт врз градењето на личноста на децата и стекнување вистински вредности.
На IQ UP! Часовите, преку напредни методи, техники и пристапи на едуцирање и стимулирање, се создава позитивна атмосфера, исполнета со многу забава и едукативни игри каде што учениците се чувствуваат самоуверено, сигурно и развиваат самодоверба да го реализираат својот потенцијал, да ги пронајдат своите таленти, страсти и интереси и да бидат свои, но и да ги почитуваат другите идеи, ставови и карактери. Преку IQ UP! едукацијата учениците развиваат:

Самодоверба

Самодовербата е клучен фактор кој треба да го поседува секое дете за да се развие во сигурна и независна личност. На IQ UP! часовите учат дека секое дете e вредно и има свои извонредни квалитети. Децата се насочуваат да ги совладаат стравот, срамежливоста и несигурноста и слободно да се изразуваат, да прашуваат, да испробуваат нови работи и да преземаат ризици. IQ Up! едукацијата е насочена кон позитивно стекнување знаење, каде што секој успех на детето е препознаен и пофален, а не кон грешки, стресни тестирања и оценувања.


Почит


Во IQ UP! креативните училници се создава средина во која владее почит, меѓусебно разбирање и поддршка. Децата се учат да се почитуваат и разбираат, да ги прифаќаат разликите и да ги почитуваат. На часовите секој има право да сподели мислење или идеја, без да има страв од осуда или исмевање. На часот постои едно основно правило: Нема лоши идеи, има само идеи кои функционираат и може да се реализираат и идеи кои не функционираат и кои треба да се подобрат или изменат. Отворените дискусии и создавањето бури на идеи се дел од секој час. Лидерство
IQ UP! едукацијата создава лидери и иноватори. IQ UP! едукацијата ги охрабрува учениците да не се плашат да сонуваат и да се развиваат. Се градат ученици кои силно веруваат во својот потенцијал и сакаат да напредуваат. Ученици кои се инспирирани да истражуваат, да пробуваат нови работи, да споделат нова идеја, да решат одреден проблем и да водат.

Тимска работа

Преку интерактивните игри, експерименти, истражувања и креативни проекти, учениците развиваат вештини за тимска работа. Се насочуваат да соработуваат, да разменуваат идеи и да ги планираат активностите заедно. Особено важно е да го осознаат бенефитот од работење во тим и колку е важен придонесот на секого во тимот, бидејќи сите имаат различни таленти и можности.


Презентациски вештини


Сите сработени проекти учениците ги споделуваат со другите во групата. Така, секој час се вежбаат презентациски вештини. Тоа им помага на децата да научат како да ја совладаат тремата, но и како ефективно да се изразуваат за да ги пренесуваат вистинските пораки и да се задржи вниманието на другите додека тие презентираат.

Забава

Забава, забава и мноооооогу забава. За да се постигнат целите на едукацијата, да се допре до детската душа и да се задржи нивниот интерес, часовите мора да бидат исполнети со забавни активности и интересни игри. Бидејќи детскиот мозок така најдобро учи, кога е ангажиран, среќен и мотивиран.
Повеќе информации за IQ Up! уникатниот образовен концепт, дознајте на www.iqup.mk
УПИСИТЕ се во тек!
Регистрирајте се за бесплатен пробен час
https://forms.gle/b7z6hGCJu88VPvcg7
Или контактирајте не во IQ UP! училишниот центар најблиску до вас:
IQ UP! Аеродром – 070 223 573
IQ UP! Карпош – 078 887 889
IQ UP! Велес – 075 380 443
IQ UP! Прилеп – 071 308 446
IQ UP! Охрид – 078 249 507
IQ UP! Кавадарци – 075 448 873
IQ UP! Кичево – 071 777 939
IQ UP! Штип – 075 427 605
IQ UP! Радовиш – 070 226 489



912

X