Во текот на месец јуни Едуфронт ќе додели една целосна стипендија и две полустипендии на прворангираните ученици на бесплатниот онлајн натпревар за програмирање во Scratch за деца од 9 до 11 години.
Натпреварот ќе се организира во периодот 1 до 8 јуни 2022 со помош на наставници од основните училишта. Целта на настанот е преку забавен натпревар за програмирање да се зголеми свесноста за најважната писменост на 21 век – дигиталната писменост кај децата.
Сите ученици што сакаат да се пријават на натпреварот, може да го направат тоа со пополнување на следната ПРИЈАВА. Рокот за пријавување е до 27 мај 2022 година.
Натпреварот ќе содржи два дела:
Учеството во натпреварот е бесплатно и сите учесници и нивните ментори ќе добијат електронски сертификати за учество. За најдобрите натпреварувачи ќе следуваат награди:
- место – целосна стипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година
- место – полустипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година
- место – полустипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година
Едуфронт е едукативен центар за компјутерска технологија посветен на поттикнување и развивање на дигиталните вештини и иновативниот дух кај децата. Идејата за неговото создавање лежи во важноста на потребата од дигитална писменост и усвојување дигитални вештини кај децата уште од рана училишна возраст.
Во Едуфронт во тек се рани уписи за сите обуки за деца за следната учебна година. Уписите со 30 % попуст на цените ќе траат до 30 јуни. Ги покануваме заинтересираните деца да ни се приклучат на онлајн обуките кои Едуфронт ги креираше за деца од 8 до 14 год: Digipath – Дигиталните патеки за учење: Програмирање, Веб дизајн и Дизајн.
912