Малите деца се прекрасни , но можат да бидат и многу напорни. И додека некои тешки форми на однесување се показател дека малите учат за себе и за светот, многу од нив се само јасен показател дека на детето му треба сон.
- Мала „лепенка“
Ако имате малечко што не сака да ви се „одлепи“ од ногата или ве моли да го носите или прегрнете – тоа често е јасен показател дека детето е уморно. Малите деца знаат дека нешто не е како што треба, па се држат до мама или тато за да се чувствуваат подобро. Заспијте го вашето малечко што е можно поскоро за да не се измори и фрустрира уште повеќе.
- Бараат внимание
Со оглед на тоа што вашето дете е исцрпено и уморно, ќе почне да бара повеќе и повеќе внимание. Ваквата промена во однесувањето е знак дека детето треба да забави со активностите и да одмори.
- Пребирливост околу храната
Кога малите деца се уморни, ништо не им изгледа добро, а храната не е исклучок. Ако детето почне да биде пребирливо за храната што вообичаено ја сака, ако ја одбива храната, ја фрла или чепка во чинијата – сфатете го тоа како знак на умор. Ненадејната пребирливост околу храната обично е знак дека децата треба да ги наполнат батериите, а може да јаде подоцна кога ќе биде одморено.
- Раздразливост
Ако имате ситуација во која што и да правите, ништо не му одговара на детето и е пречувствително и невозможно – големи се шансите дека е многу уморно и само сака да ги затвори очите и да заспие.
- Проѕевање
Проѕевањето е наједноставниот знак дека детето е уморно, но лесно може да се игнорира ако сте зафатени и имате обврски. Кога вашето дете ќе почне да се проѕева, однесете го да спие.
- Здодевност и фрустрација
Ако детето кое обично е љубопитно почне да станува сè понапорно и станува целосно незаинтересирано иако има авантуристички дух – сфатете го тоа како знак на умор и време за спиење.
- Постојано се жали
Малите деца се жалат од многу причини, а една од нив е и уморот. Ако вашето дете е несреќно и сè му пречи, тогаш треба да го легнете да одмори.
- Плачење
Бебињата не секогаш плачат затоа што се уморни, но најчесто плачењето е јасен знак дека им е доста и дека им е потребна дремка за да ги наполнат батериите. Прегратките и удобноста се најдобриот одговор на тажното дете, заедно со нежното заспивање.
912