Помислата дека на вашето дете му приоѓа непозната личност со непријатни намери е најголемиот кошмар на секој родител. Постојат луѓе кои ги лажат ранливите деца за да заминат со нив, а вашите деца можеби нема да сфатат што навистина се случува и тоа е навистина страшно.

Едно 11-годишно девојче се шетало во близина на паркот во американскиот град Феникс кога ѝ пришол непознат маж со бел автомобил. Тој ѝ рекол дека нејзините браќа доживеале тешка несреќа и дека нејзините родители му рекле да дојде и да ја земе. Девојчето употребило брилијантен трик што ја научиле нејзините родители за да види дали човекот ја кажува вистината, што веројатно ѝ го спасил животот. Таа го прашала човекот дали ја знае „тајната шифра“.

„Тајната шифра“ бил однапред договорен збор на кој нејзините родители се согласиле во случај да треба некој друг да ја земе. Човекот не го знаел зборот и си заминал.

– Секоја чест за родителите на ова дете што имаат шифра и што ги научија своите деца за опасноста од непознати луѓе. Се надеваме дека оваа приказна ќе ги поттикне родителите да разговараат со нивните деца и да направат план за децата да знаат што да прават доколку се најдат во слична ситуација – изјави Марк Ламб, шериф на округот.

Извор



912

X