Сезоната на настинки и кашлица е во полн ек, а родителите бараат начини да ги ублажат непријатните симптоми кај своите деца, особено кога станува збор за бебињата, за кои има многу малку одобрени опции. Затоа многумина се свртуваат кон стари, природни рецепти кои се пренесуваат со генерации, како еден едноставен сируп кој на една мајка ѝ останал во сеќавање. Керол Хитон, мајка на две деца од Австралија, раскажала како еден член на семејството ѝ пренел стар семеен рецепт кога нејзиниот осуммесечен син добил настинка од која не можел да заздрави.
-Додека бевме на одмор во посета на семејството во Канада, мојот син Завиер се разболи. Имаше инфекција на увото поради која примаше антибиотици, беше многу затнат и кашлаше постојано – рекла Хитон.
Дали сте слушнале за овој природен сируп?
-Пробав сè што можев – му ставав бебешки балсам на градите, му обезбедив доволно течности и користев солени капки за нос. Но, кога станува збор за мали бебиња, навистина нема многу што можете да им дадете за настинка. Кога ништо не функционираше, еден член на семејството предложи стар, домашен рецепт што го има во семејството со генерации – сируп од кромид и шеќер. Моето семејство постојано ми велеше да го пробам овој стар рецепт. Мајка ми ни го даваше кога бевме деца. Бев исцрпена и очајна – сакав да се чувствува подобро, но исто така сакав сите да се наспиеме – додала мајката.
Резултатите ја изненадиле. За неколку часа бебето почнало да искашлува слуз, што помогнало да се намали застојот во градите.
-Почна подобро да спие ноќе, а кашлицата постепено се намалуваше. Да кажам дека бев изненадена е потценување. Искрено, не можев да верувам дека нешто толку едноставно може да функционира – рекла мајката.
Таа додала дека ѝ се допаѓа што рецептот има само две состојки што повеќето луѓе веќе ги имаат дома.
-Брзо се прави, сосема е природно и најважно – ми помогна.
Еве што ви е потребно за домашниот сируп од кромид и шеќер.

За кашлица и затнатост
Состојки: 1 голем црвен кромид (излупен), 3 полни лажици бел гранулиран шеќер, мала чинија/тегла. Подготовка: ситно исечкајте го кромидот и посипете го со шеќер. Оставете го да отстои во сад неколку часа, додека сокот не почне да се собира на дното. Давајте му на вашето дете по една лажичка секој час. Сирупот е сладок и многу бебиња лесно го прифаќаат. Се препорачува секој ден да се подготвува свежа количина и да се чува во фрижидер.
Зошто ова би можело да функционира?
Кромидот е познат како природен експекторанс, што значи дека може да помогне во разредувањето на слузта и полесно кашлање. Со генерации се користи во народната медицина за да помогне при настинки и кашлица. Покрај тоа, кромидот содржи витамин Ц и фитохемикалии кои можат да помогнат во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Секако, како и со сите домашни лекови, важно е да го следите вашето дете и во случај на влошување на симптомите или сомневања – контактирајте го вашиот педијатар.
Автор: Карина Шиждрак