Игротека

Едногодишно девојче му зборува на знаковен јазик на својот татко

Од проодување, па до одвикнување од пелени, толку нови работи поминуваме со нашите деца. Едвај ги чекаме сите тие први моменти што нашите малечки ги прават. Еден татко имал моѓност каква што ретко кој родител има – ја видел ќерката како првпат користи знаковен јазик.

Захари е глув и знаковниот јазик му е основна комуникација. Кога ја здогледал едногодишната ќерка Медисон како првпат го користи знаковниот јазик за нешто да му каже, се воодушевил. Девојчето со прст покажало на едно бебе и потоа со знаковен јазик рекло: „Бебето плаче“.

– Со знаковен јазик ми рече дека бебето плаче и покажа на него. Многу бев воодушевен во тој момент – напишал тој во описот.

Таткото добил прекрасни коментари од воодушевени луѓе. „Паметно девојче. Учи два јазика во исто време“, „Ова е најфасцинантната работа што сум ја видела“, се нижат коментарите, а многумина рекле дека девојчето е многу емпатично и има прекрасно срце.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top