Воспитување

Едно нешто што го прават татковците може да им помогне на мајките подолго да дојат

Доењето служи за хранење на детето. Некогаш се одвива непречено и без тешкотии, а понекогаш има тешкотии и пречки на секој чекор. Иако е нешто на кое повеќето од нас не можат да влијаат, доењето е нешто поради кое мајките често се споредуваат.

Доењето е патување на мајката и бебето кое е под влијание на многу работи, но на крајот – мајката и бебето се главни во приказната. Сепак, ново истражување покажува дека татковците играат важна улога во тоа дали мајките успешно ќе дојат. Една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот „Нортвестерн“ во соработка со детската болница „Ен и Роберт Х. Лури“ покажала дека кога татковците земаат најмалку две недели татковско отсуство по раѓањето на детето, тоа ја зголемува веројатноста за 31 % дека нивните партнерки ќе дојат и по период од осум недели.

Ова е прва студија од ваков вид – која користи податоци пријавени од татковците, за да ја анализира врската помеѓу татковското отсуство и доењето. Ова докажало дека татковците не само што помагаат во првите, најрани фази на грижата за новороденчето, туку се и клучни за успехот на доењето.

Поголемо татковско отсуство, поголем успех во доењето

Во студијата учествувале 240 татковци, а го покажала следново:

-Татковците кои зеле најмалку две недели отсуство ја зголемиле веројатноста за 31 % нивните партнерки да дојат и по осумнеделна возраст на бебето. Во семејствата каде што мајката доела, а таткото зел две или повеќе недели отсуство, имало 25 % поголема стапка на продолжено доење.

Д-р Џон Џејмс Паркер, водечки автор на студијата, објаснил:

-Татковците можат да го поддржат доењето преземајќи ја практичната грижа за бебето – менување пелени, подригнување, нишање и хранење со измолзено млеко – истовремено обезбедувајќи им на мајките храна, хидратација и одмор што им е потребен за да закрепнат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top