Здравје

Едно е најважно кога детето има ротавирус: Педијатар открива и грешки што не треба да ги правите

Педијатрите веќе некое време истакнуваат дека вирусите повеќе немаат сезона и дека можат да се појават во кое било време. Затоа е важно да се знае како да им се помогне на децата кога имаат некои вирусни инфекции, а педијатарот д-р Екатерина Морозова открива што е најважно во третманот на ротавирусот.

„Надоместувајте ги течностите, давајте му на детето почесто да пие мали количини, 50-60 милилитри на килограм телесна тежина дневно – вели докторката.

Доколку детето има висока температура, советува да му се даде некаков лек за намалување на температурата, но никогаш антибиотици или лекови против дијареја бидејќи тие можат да ја влошат состојбата.

-Кога станува збор за исхраната, важно е да се исклучат млечните производи (освен мајчиното млеко ако детето се дои), масната храна, слатките, печивата и мешунките – вели д-р Морозова.

Миењето на рацете пред и по јадење е една од најважните превентивни мерки за спречување на рота и другите вируси, а со оглед на тоа што летото е пред нас, се препорачува да пливате само во води каде што квалитетот на водата е контролиран.

Извор

Поврзани написи

To top