Една од најубавите работи што може да се случи во животот на жената – е да има добар татко, вистински. Кога ќе го добие од таткото сето она што треба да го добие – љубов, почит, поддршка, и кога таткото ѝ е еден вид пример, а никогаш не престанува тоа да биде – тогаш сè е некако полесно.
Кај девојките и жените се гледа разликата кога растеле со или без татко, колку може да недостига татковската фигура и дека малку нешта може да ја пополнат таа празнина. Тоа особено се гледа, подоцна, при изборот на маж.
Кога во момчето го бараат таткото што не го имале, или не го имале доволно. А не партнер. На крајот сè губат во сето тоа.
Кога свесно ќе почнат да прават разлика.
Кога во момчето несвесно го бараат таткото, обвинувајќи го и за нешто за кое тој реално не е виновен, ниту може да им го даде.
Од друга страна, на девојките што имале силни татковци, колку и да не ги штеди животот подоцна, не им е докрај разнишана љубовта и вербата во мажите. И некако полесно влегуваат и излегуваат од врски. Имаат поголема природна самодоверба. Вистинската машка фигура во животот на жената е исклучително важна. Ѝ дава сигурност, опуштеност, доверба – и при првата помисла на маж не мисли на измама, искористување, покорување, туку на нешто во кое може да верува, да се потпре, да смета… Дури и ако девојката подоцна не најде таков маж, знае дека барем имала или има татко.
А и тоа е нешто. Или барем брат, кој може да биде одлична замена. Но, ако нема, се создава празнина која со текот на времето станува поголема. И јасно се гледа, од една страна, преку нејзината преголема зависност од мажи, очекувањата, а од друга страна, и несигурноста и длабоката недоверба дека таквите врски се премногу интензивни, а за жал и премногу болни. Дека во тој емотивен вител лесно се губат.

Вистинската машка фигура едноставно мора да се најде – некаде, во некого. Под услов да не е илузија и таа љубов да може да се врати. За да може да се оди напред. Но, ако ја нема или ако не е сигурна, жената или ќе се сврти кон друга жена или ќе стане сосема рамнодушна, па речиси сè што е машко ќе го гледа со презир. Или, она што е најчесто случај – се свртува исклучиво кон себе, па во себе се обидува да ги најде сите задоволства, каде што за другите има сè помалку место.
Татковците се неопходни во родителството. И не е нималку лесно да си добар татко. Но, кој на тоа ќе се одлучи и ќе го положи тој животен тест – можеби и не може да добие поголема награда во животот од чувството дека некому му бил добар татко. И ќерката во некој момент тоа да му го признае, да има многу малку што да му замери. Знам доста такви примери и тоа можеби е најубавото признание што може да го добие маж. Значи дека едно суштество го извел на прав пат и дека не ја убил вербата во љубовта, животот и утре кај својата ќерка.
Автор: Стефан Симиќ, психотерапевт