Вкупно 15 првачиња од Основното училиште „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар се во двонеделна излолација откако една наставничка е позитивна на Ковид-19, а другата е сомнителна.

Директорката на школото, Наде Молеровиќ, за Деца.мк изјави:

– Една наставничка е позитивна, втората е сомнителна. Во сабота ќе добиеме резултати дали има коронавирус. Таа има благи симптоми и во моментот држи онлајн-настава од дома. 15 првачиња се во изолација.

Двете наставнички се од различни одделенија. Одлуката за изолација на децата е донесена вчера, веднаш штом ја добиле потврдата за состојбата на позитивната наставничка.



912

X