Игротека

Единствената работа што детето треба да ја научи пред градинка е значењето на зборот „не“, советува воспитувачка

Кога децата почнуваат да одат во градинка, сите се трудиме да ги научиме на разни работи за кои знаеме дека ќе им помогнат и ним, на воспитувачките.

Најчесто се трудиме детето да знае само да се облече, да ги обуе чевлите, да може самостојно да јаде, да знае да си ги измие рацете. Сето тоа им помага на воспитувачките во нивната работа, а воедно го учи детето на корисни животни вештини.

И сепак, тоа не е најважната работа што можете да му ја всадите на вашето дете. Постои нешто поважно од сето тоа заедно и на што треба да се работи сè додека детето не го усвои. А тоа, како што вели една воспитувачка, е да го научите значењето на зборот „не“, односно да му кажете на детето „не“, бидејќи „не“, како што нагласува таа, не е лош збор.

@emmymckenny No. No no no. No. #teachersoftiktok #momsoftiktok #gentleparenting #controversial ♬ original sound – Emperky

– Многу луѓе ме прашуваат, кога ќе дознаат дека сум воспитувачка, што можат да направат за да го подготват своето дете за градинка. Што можат да направат? Да им помогнат да ги отворат грицките? Да им ги врзат чевлите? Не, не, не, не тоа. Кажете му на вашето дете „не“. Кажете му „не“ како цела реченица – вели Емили Перкинс во видеото.

Перкинс додава дека родителите често ѝ кажуваат дека не му велат „не“ на своето дете затоа што тоа го вознемирува.

– Ако не можете да му кажете „не“ на своето дете, тогаш веројатно ниту наставничката на вашето дете нема да може да му каже „не“. А ако наставничката не може да му каже „не“, тогаш е навистина тешко да му помогне да научи нешто – заклучува таа.

Извор

Поврзани написи

To top