Игротека

Eден татко во 3 минути го објасни сето она што не е во ред со онлајн-наставата

Онлајн-наставата е пекол на земјата за многу ученик, а тоа најдобро го објасни еден татко кој на телефон му го организира сајбер-денот на својот син. Во превод: да не беше тажно, ќе беше смешно.

Таткото му се јавува на синот додека е во автомобил и смислува мастер-план по кој детето ќе се школува тој ден за да успее да постигне сѐ, а никаде да не згреши. И целата работа повеќе личи на играње некоја стратешка игра отколку на школување.

– На наставничката ѝ ја испраќаш задачата на „Вајбер“, но не на нејзиниот број, туку на бројот на нејзиниот маж бидејќи има поголема меморија, па побрзо ќе ѝ стигне. Биологија следиш преку „РТС Планета“. Математика преку „Зум“, но не во некое одредено време, туку кога ѝ одговара на наставничката – вели таткото.

Таткото успешно ја совлада оваа конфузна игра и ги помина сите нивоа, или барем така се чини. Ако ништо друго, успеа во мисијата да им стави на сите до знаење колку е тешко и дека онлајн-училиштето повеќе никој не може да го издржи – ни децата ни постарите, а притоа убаво нѐ изнасмеа.


Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top